Халанд: Не давам доволно голови, треба да имам повеќе голови од мечеви

Ерлинг Халанд има постигнато 12 гола во 15 меча за норвешката репрезентација, но смета дека мора да дава по повеќе голови по меч откако постигна хет-трик против Гибралтар (5:1).

По триумфот на селекцијата на Стале Солбакен, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој неколку години ги воодушевува фудбалските фанови со голгетерската форма, не беше задоволен.

„Не давам доволно голови. Блиску сум до просек од 1 гол по натпревар. Лично, мислам дека мора да имам повеќе голови од мечеви“, вели 21-годишниот Халанд.

Капитенот на Норвешка, Мартин Одегард вели дека нема што да се додаде.

„Бројките зборуваат за себе. Нема што друго да додадам, тоа што го прави тој е апсолутно неверојатно. Имаме среќа што е во нашиот тим. Според мене тој е тука меѓу најголемите. Веќе не се воздржува“, вели Халанд.

Текстот Халанд: Не давам доволно голови, треба да имам повеќе голови од мечеви е превземен од МАКФАКС.