Хамилтон собори уште еден рекорд на Шумахер

Луис Хамилтон, седумкратниот светски првак во Формула 1, на отворањето на новата сезона, успеа да урне уште еден рекорд на Михаел Шумахер.

Британецот го урна рекордот на Шумахер од 15 сезони (1992-2006), во кои барем еднаш изборил место на подиумот и стигна до рекордната 250.трка во која освоил најмалку еден бод.

До крајот на сезоната, Хамилтон, може да урне уште неколку рекорди на Шумахер.

Потребна му е една победа за да го подобри овој рекорд на легендарниот Германец, кој во 15 последовни сезони блежел барем по една победа.

Наредната трка во Џеда, ќе биде 180.за Хамилтон во Мерцедес. Толку трки за ферари возел Шумахер.

Хамилтон во Бахреин 183.пат во кариерата се искачи на победничкиот пиедестал. Во оваа категорија тој е апсолутен лидер, втор е Шумахер со 155 пласмани на подиумот.

Текстот Хамилтон собори уште еден рекорд на Шумахер е превземен од МАКФАКС.