Хаос во Детроит – Леброн Џејмс исклучен поради намерен фаул

Неспортскиот потег на Леброн Џејмс, ги обележа натпреварите во НБА лигата, кои беа на програмата изминатата ноќ.

Џејмс беше исклучен на почетокот на третата четвртина, на натпреварот со Детроит Пистонс.

Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, со лакт го удри и го повреди Ајзеа Стјуарт. Играчот на Детроит доби голема расекотина над десното око.

Стјуарт веднаш тргна да се пресмета со Џејмс. За среќа неговите соиграчи со многу мака успеаја да го задржат.

ISAIAH STEWART WANTS LEBRON pic.twitter.com/gw6u84Pqr6

— Rob Perez (@WorldWideWob) November 22, 2021

Текстот Хаос во Детроит – Леброн Џејмс исклучен поради намерен фаул е превземен од МАКФАКС.