Хелсиншки комитет: Пријавување повреда на избирачко право

Хелсиншкиот комитет за човекови права известува дека во недела, 31 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на вториот круг од локалните избори.

„Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436. Покрај личното и телефонското пријавување, овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право“, велат од таму.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.

Сите пријави до Комитетот, објаснуваат од оваа институција ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата.

Текстот Хелсиншки комитет: Пријавување повреда на избирачко право е превземен од МАКФАКС.