Хорор во Сплит: татко се обидел да си го удави бебето

Маж од Хрватска се обидел да си го удави своето неколкумесечно бебе, кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа.

32-годишникот е уапсен по ноќна бркотница на Клис, а по полициската постапка, најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапсила, тој сѐ уште бил агресивен и давал отпор, објавија хрватските медиуми.

Бебето, кое имало симптоми на давење, во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.

Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа побегнал.

Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.

Бебето не е во животна опасност и е хоспитализирано, како и мајката, која поради голем шок е сместена на психијатриското одделение.

Текстот Хорор во Сплит: татко се обидел да си го удави бебето е превземен од МАКФАКС.