И Бруно Фернандеш го поздрави Пандев: Никогаш не е само игра!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед и на португалската репрезентација, Бруно Фернандеш, како и сите искрени фудбалски фанови се воодушеви од вчерашните емотивни сцени на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, каде што се збогувавме со „Гранде“ Горан Пандев.

Фернандеш на социјалните мрежи го сподели видеото подготвено од официјалниот Твитер профил на ЕУРО 2020, со порака: „Никогаш не е само игра“ и со аплаузи за Пандев, против кого имаше чест да игра во Серија А додека беше фудбалер на Сампдорија и Удинезе.

It’ll never be just a game 👏🏼⚽️ https://t.co/sLycOJBsUo

— Bruno Fernandes (@B_Fernandes8) June 22, 2021

Текстот И Бруно Фернандеш го поздрави Пандев: Никогаш не е само игра! е превземен од МАКФАКС.