И Клоп не сака да се ракува со Симеоне

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека ниту тој не сака да се ракува со својот колега на клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Тие двајцата имаа судир пред 2 недели во Мадрид, по мечот во кој „црвените“ славеа со 3-2. Клоп му пружи рака на Симеоне, а овој лут поради поразот избега во соблекувалната.

Сега Германецот одлучи да му врати со иста мерка.

„Нема да се ракувам со Симеоне. Да знаев дека не сака поздравувања, немаше ни да се обидам да го сторам тоа. Двајцата бевме под емоции“ вели германскиот стратег.

Мечот од 4. коло во ЛШ на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Атлетико се игра вечерва од 21 часот.

Претходно, стратегот на „јорганџиите“ напомена дека не сака да се ракува со Германецот оти – не сака дволичност.

Симеоне останува на своето – нема да се ракува со Клоп

Текстот И Клоп не сака да се ракува со Симеоне е превземен од МАКФАКС.