ИХФ ги смени правилата за задолжително бикини во ракометот на плажа

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) „скришно“ ги смени правилата со кои ракометарките мораа да носат бикини на натпреварувањата во ракомет на плажа по скандалот со норвешката репрезентација на ЕУРО 21 во Бугарија.

Норвежанките решија да играат со подолги шорцеви на првенството бидејќи опремата била „премногу сексуализирана“, и добија казна од 1.500 евра од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Според британскиот „Гардијан“, ИХФ тивко ги сменила правилата, со што сега девојките ќе можат да носат шорцеви и горен дел со ракави, иако правилата велат дека панталоните мораат да бидат „тесни“.

Поп ѕвездата Пинк се понуди да им ја плати казната на Норвежанките

Текстот ИХФ ги смени правилата за задолжително бикини во ракометот на плажа е превземен од МАКФАКС.