Инсект кој пие крв именуван по Симона Халеп!

Симона Халеп во својата тениска кариера има многу титули, две гренд слем титули и армија навивачи, а сега има и ново достигнување – инсект кој цица крв и кој ќе го носи нејзиното име.

Универзитетот за земјоделство и ветерина во Клуж, Романија, објави дека новооктриениот инсект кој бил откриен во близина на Констанца, југоисточна Романија ќе го носи нејзиното име. Халеп, која е родена во пристаништето на Црното Море, Коснтанца, го одобрила новото име.

Латинското име на инсектот е „phlebotomus simonahalepae“ и тој бил откриен од истражувачите од Европскиот центар за заштита во Канарауа Феци во близината на бугарската граница, а извештајот бил објавен во август.

„Ова научно откритие го посветуваме на Симона Халеп. Тоа е признание за нејзините перформанси и за славењето на Романија низ светот“, изјави координаторот на студијата, професорот Андреј Михаика.

Текстот Инсект кој пие крв именуван по Симона Халеп! е превземен од МАКФАКС.