Исланд ја декласира Франција

Исланд го декласира олимпискиот шампион Франција со 29:21 (17:10), во третот коло, во Групата 1 на Европското првенство во ракомет.

И покрај тоа што двете селекции имаат големи проблеми со коронавирусот, Исланд им одржа лекција на олимписките шампиони“. Французите имаа приклучок само во почетните 12 минути.

Останатиот дел од натпреварот мина во цеосна доминација на Исланѓаните.

Франција не можеше да ја пробија одбраната на Исланд, на чии гол блескаше 21-годишниот Халгримсон, кој имаше 15 одбрани. Нападот го предводеа десните бекови Магнусон со 10 и Кристијансон со 9 гола.

Кај Франција Турна и Деска постигнаа по пет гола.

На табелата, по некомплетното третото коло Данска, Франција и Исланд имаат по 4 бода, Холандија и Црна Гора по 2, а Хрватска е без освоен бод.

Текстот Исланд ја декласира Франција е превземен од МАКФАКС.