Исланѓаните го елиминираа домаќинот Унгарија!

Исланд ја забележа и третата победа во третиот меч на Европското првенство, совладувајќи ја Унгарија со 31:30, елиминирајќи го домаќинот пред 20 илјади фанови во Будимпешта. Резултатот значи дека Исланд го освојува првото место во групата Б, додека вечерва во 20.30 часот, Холанѓаните и Португалците ќе се борат за второто место.

Во неизвесна завршница, Унгарците имаа шанса за реми, но обидот на Лекаи заврши со одбрана на Густавсон (негова 12-та во мечот) – доколку беше нерешено, Унгарија ќе чекаше победа на Португалија над Холандија во вечерниот меч. Омар Магнусон со 8 гола беше најдобар кај Исланѓаните, додека кај Унгарците Бенце Бенхиди беше најефикасен со 6 гола.

Во Групата Д, пак, Германија го освои првото место пред Полска, откако во последното коло релативно лесно со ХХ го совладаа директниот ривал. Двете репрезентации го продолжуваат натпреварувањето, додека Белорусија и Австрија се елиминирани.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА, 3.КОЛО

ГРУПА Б

Исланд – Унгарија 31:30 (17:17)

Холандија – Португалија 20.30 ч.

ГРУПА Д

Полска – Германија 23:30 (12:15)

Белорусија – Австрија 20.30 ч.

Текстот Исланѓаните го елиминираа домаќинот Унгарија! е превземен од МАКФАКС.