Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 43-годишен жител на скопско Јурумлери, осомничен за неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес во домот на осомничениот, на 20 јануари биле пронајдени 14,3 грама марихуана, како и 0,45 грама амфетамин и една дигитална вага со остатоци од канабис.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот.
Текстот Истрага против скопјанец фатен со 14,3 грама марихуана е превземен од МАКФАКС.