Итен кризен штаб во Општина Тетово предводен од премиерот Заев

/

Вечерва Итен кризен штаб е формиран во Општина Тетово по повод страотниот пожар во кој изгоре модуларната ковид болница, пренесува Слободен печат.

Во итниот кризен штаб со кој раководи премиерот Зоран Заев се и замениците и министрите: Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски, Аријанит Хоџа, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Министерот за здравство Филипче прв се упати кон Тетово, и објави дека има и жртви во трагичната несреќа во ковид болницата, без да го прецизира бројот на загинатите.

Повредените во пожарот итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Пожарот е изгаснат од страна на тетовската противпожарна бригада која интервенирала со над 30 пожарникари и 7 возила.

Модуларната ковид болница во Тетово е на површина од 590 квадратни метри, со капацитет за сместување на 35 пациенти.