Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање и официјално ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2021 година се:

Од областа на науката

1. проф.д-р ДЕНКО МАЛЕСКИ

професор во пензија

-за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование.

2. д-р ЕМИЛ НИАМИ

автор, лектор, преведувач

-автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

Од областа на образованието и воспитанието

1.Проф. д-р МИШО ДОКМАНОВИЌ

редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје

-за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.

Од областа на публицистиката

1.СЛОБОДАН ПЕТРОВИЌ

новинар, публицист

-за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција

Од областа на културата

1.ИРЕНА КОЛИШТРКОСКА-НАСТЕВА

археолог

-за непрекинато 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.

2.ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА

писател, поет, прозаист

-за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.

Од областа на уметноста

1. ЕМИЛИЈА ЏИПУНОВА

балетски уметник и балетски критичар

-за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.

Од областа на здравствената заштита

1. МЕДИЦИНСКИ ТИМ на доктори – кој ја изведе првата операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови:

доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.

-за успешно извршена прва операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови.

2.ТИМ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД-19 ПРИ ЗДРАСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ

-за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.

Правни лица

1.ЈНУ ИНСТИТУТ за македонска литература – Скопје

-за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.

2.ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје

– за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.

на лице од друга држава

1. РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА

режисер, актер

-за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.

Ученици и студенти

1. САНДРА НЕДАНОВСКА

ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.

Текстот Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година е превземен од МАКФАКС.