Измамен 77-годишен скопјанец, му побарале пари на заем за наводна сообраќајка и не ги вратиле

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 77 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил измамен од две лица.

Според пријавеното, лицата му побарале и добиле пари на заем за да се услужат во врска со наводно случена сообраќајна несреќа, а како залог му оставиле рачен часовник.

Откако подолг временски период лицата не дошле да го вратат заемот, тој сфатил дака бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Измамен 77-годишен скопјанец, му побарале пари на заем за наводна сообраќајка и не ги вратиле е превземен од МАКФАКС.