Изненадување на АО – Чилиќ го победи Рубљов

Марин Чилиќ ја комплетираше листата на тенисери кои се пласираа во осмина-финалето на Австралија опен. Хрватот, во третата рунда, го победи петтиот фаворит на турнирот Андреј Рубљов.

Гренд-слем шампионот од Ју-ес опен од 2014 година, со сигурна игра, успеа да слави во четири сета 7/5, 7/6, 3/6, 6/3. Мечот траеше два часа и 38 минути.

Чилиќ, 27. на АТП листата, повеќе ризикуваше, на крајот таквата игра му ја донесе победата. Хрватот, имаше 55 винери, 17 повеќе од Рубљов, а направи и 10 неизнудени грешки повеќе од противникот (41/31).

Финалистот во Мелбурн од 2018 година, во осмина-финалето ќе игра против младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим.

Текстот Изненадување на АО – Чилиќ го победи Рубљов е превземен од МАКФАКС.