Извлечени квалификациските групи за женскиот Мундобаскет

Попладнево во Швајцарија беа одредени квалификациските групи за пласман на Светското првенство во кошарка, во женска конкуренција.

16 репрезентации на четири турнири ќе се борат за место на Мундијалот. Од секој турнир по три селекции ќе се пласираат на Светското првенство. Белград ќе биде домаќин на две групи, а по еден турнир ќе се игра во Осака, Јапонија и Вашингтон, САД.

А група, Белград: Србија, Австралија, Бразил, Кореја

Бгрупа, Белград: Франција, Кина, Нигерија, Мали

Ц група, Осака: Јапонија, Канада, Белорусија, Босна и Херцеговина

Д група, Вашингтон: САД, Белгија, Русија, Порторико.

Квалификациските турнири ќе се одиграат од 13. до 16.февруари наредната година. На турнирите учествуваат Австралија и САД кои веќе имаат обезбедено место на СП. Австралија е домаќин, а САД се актуелни светски шампионки.

Светското првенство во Австралија ќе се одржи до 22.септември до 1.октомври 2022 година.

Текстот Извлечени квалификациските групи за женскиот Мундобаскет е превземен од МАКФАКС.