Јаховиќ со два гола пак го предводеше Гозтепе до победа!

Македонскиот репрезентативен напаѓач Адис Јаховиќ уште еднаш покажа дека е во одлична форма, откако постигна два гола за неговите Гозтепе во мечот од 15. коло во Турската Суперлига, пресметката за опстанок со Газијантеп.

Јаховиќ прво во 38. минута им донесе водство на домаќините со гол од пенал, за во судиското продолжение од првото полувреме, успешно да ја избегне офсајд стапицата на Газијатеп, за со убав удар да зголеми на 2:0.

Сепак, на мечот не му недостасуваше драма. Нигериецот Обина Нвободо успеа да добие два жолти картона за само седум минути (51. и 58.), оставајќи ги Гозтепе во незгодна положба со играч помалку. Само две минути подоцна Реџеп Нијаз намали на 2:1, но, за среќа, до крајот на мечот домашниот тим успешно се одбрани.

Гозтепе го очекува тешка битка за опстанок во Турската Суперлига, каде што испаѓаат четири тима – тие се на 17. место со 14 поени, четири помалку од 16-пласираниот Газијантеп.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-62-37466”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Јаховиќ со два гола пак го предводеше Гозтепе до победа! е превземен од МАКФАКС.