Јокиќ лидер на Денвер, Мајами со тројки го растурија Мемфис

Никола Јокиќ, Ар-Џеј Берет и Мајами Хит ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

МВП од минатата сезона, Јокиќ, го предводеше Денвер до победа кај Минесота 93:91. Денвер во финишот успеаја да го совладаат домаќинот, откако во еден момент имаа минус од 14 поени.

Јокиќ натпреварот го заврши со 26 поени, 19 скокови и 8 асистенции. Србинот имаше и седум загубени топки, две од нив во последната минута.



Мајами Хит го декласираа Мемфис со 129:103. Играчите на Мајами постигнаа 21 тројка. Џими Батлер со 27 и Тајлер Хиро со 22 поени ги предводеа „жешките“ до четвртата победа во низа.

Ар-Џеј Берет, со две тројки во последните две минути им ја обезбеди победата на Њујорк, во дуелот со Њу Орлеанс (123:117). Берет мечот го заврши со 35 поени, постигна шест тројки од осум обиди. Кај Њу Орлеанс се истакна Јонас Валанчунас со 27 поени и 14 скокови.

Сан Антоно Спарс славеа во Милвоки 102:93. До триумфот над актуелните шампиони ги предводеа Дежонте Мареј (23 поени, 9 асистенции) и Дерик Вајт (17 поени). Јанис Адетокумбо со 28 поени и 13 скокови не можеше да го спречи третиот пораз на Милвоки од почетокот на сезоната.

Резултати:

Детроит-Орландо 110:103
Индијана-Торонто 117:123
Филадлефија-Атланта 122:94
Чикаго-Јута 107:99
Голден стејт-Оклахома 103:82
Финикс-Кливленд 101:92

Текстот Јокиќ лидер на Денвер, Мајами со тројки го растурија Мемфис е превземен од МАКФАКС.