Јунајтед контактирал со Инзаги, тој веќе учи англиски?

Манчестер јунајтед веќе контактирал со тренерот на Интер, Симоне Инзаги, како кандидат за местото постојан менаџер, но имаат конкуреција во Атлетико Мадрид, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Актуелниот шампион во Италија, Интер, има импресивна половина сезона под новиот тренер Инзаги, кој дојде од Лацио и ги предводеше до нокаут-фазата во Лигата на шампионите првпат од 2012 година. 45-годишниот Инзаги веќе почнал со интензивен англиски курс бидејќи има планови да биде тренер надвор од Италија, тврди „Кориере“.

Според извештајот на весникот, преодниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој ќе биде задржан како консултант во тимот по крајот на сезоната, го идентификувал Инзаги како еден од главните кандидати за постојаното место, покрај старата желба за Маврисио Покетино.

Инзаги го освои првиот трофеј со Интер оваа недела кога тие во драматична завршница со 2:1 го победи Јувентус за Суперкупот на Италија. Тој има договор со „неаѕурите“ до 2023 година и газдата Стивен Жанг сака да го обврзе на повеќегодишен договор.

Инзаги го презеде Лацио, клубот каде што помина повеќе од една деценија како фудбалер во 2016 година предводејќи ги до трофејот од Копа Италија во 2019 година.

Текстот Јунајтед контактирал со Инзаги, тој веќе учи англиски? е превземен од МАКФАКС.