Јуве го сака Погба по секоја цена – му нудат годишна плата од 14 милиони евра

Италијански Јувентус има големи планови за следното лето и преодниот рок. „Бјанконерите“ минатата сезона ја загубија титулата, а сезонава се во уште поголеми проблеми.

Клубот од Торино планира во своите редови да го доведе српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина, но сега се појави и информации дека „црно-белите“ сакаат во своите редови да го вратат и Пол Погба.

Французинот е дел од четата на Солскјер во Манчестер Јунајтед, но според пишувањата на „Gazeta delo sport”, Јуве се подготвени да му понудат тригодишен договор вреден 14 милиони евра по сезона со 50% помал данок на доход.

Според ова, францускиот ас за тригодишна верност на „Старата дама“ ќе инкасира 42 милиони евра.

Од клубот се подготвени да се ослободат од услугите на Арон Ремзи и неговите 8 милиони евра годишна плата.

Текстот Јуве го сака Погба по секоја цена – му нудат годишна плата од 14 милиони евра е превземен од МАКФАКС.