Јужна Африка прави сопствена верзија на антивирусна вакцина „Модерна“

Научници од Јужна Африка направија копија на антивирусна вакцина „модерна“, со потег за кој велат дека ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинација во таа земја.

Модерна претходно изјави дека нема да ги патентира своите вакцини, што ќе им овозможи на научниците од Кејптаун да направат своја верзија на вакцината.

Африканскиот континент моментално има најниска стапка на вакцинација во светот.

Компанијата која стои зад оваа вакцина – „Африген бајолоџикс“ – наведува дека се надева дека ќе започне со клинички тестови во ноември, објави Би-би-си.

Истражувачите се поддржани од Светската здравствена организација.

Директорот на „Африген бајолоџикс Петро“ Тербаланхе изјави дека јужноафриканскиот тим започна скромно, но дека има амбиции брзо да напредува.

Текстот Јужна Африка прави сопствена верзија на антивирусна вакцина „Модерна“ е превземен од МАКФАКС.