„Како ВАР не виде дека немаше пенал врз Нејмар?“

ПСЖ, синоќа, со пресврт успеа да го победи Лион со 2:1. Пакета постигна гол за Лион, а пресвртот го режираа, Нејмар со голот од пенал и Икарди кој погоди во последните секунди од натпреварот.

Тренерот на Лион, Петер Бош, на прес конференцијата, го коментирал пеналот за ПСЖ. Смета дека неговиот фудбалер бил фаулиран.

„Нејмар е вино виновникот, тој го влечеше Густо. Сигурен сум дека не беше пенал. Разбирам дека судијата не може да го види тоа, но како е можно ВАР да не го забележи тој момент?“, прашал Бош, а пеналот го коментирал и претседателот на Лион, Ѓан-Мишел Ола.

„Горди сем на нашиот тим. Успеавме на ПСЖ да им направиме многу проблеми. Пенал немаше. ВАР требаше да се огласи, одлуката не беше нормална“.



Текстот „Како ВАР не виде дека немаше пенал врз Нејмар?“ е превземен од МАКФАКС.