Каков е ова Мундијал? Романија-Иран 39:11, Холандија-Порторико 55:15!

Стартот на 25. Светско првенство во женски ракомет во Шпанија, уште еднаш покажува дека на дел од репрезентациите, едноставно не им е место во елитното натпреварување, со бизарни еднострани резултати на Мундијалот.

Најдобар пример за ова беше мечот помеѓу Романките и Иранките во првото коло во групата Ц, во кое азиската репрезентација постигна само 3 гола во првото полувреме, и вкупно 11 гола, а прими дури 39.

Слична ситуација беше и на мечот помеѓу Холандија и Порторико, каде што северноамериканската репрезентација имаше -17 во првото полувреме, за на крајот да прими дури 55 голови. Слична, иако не толку драстична разлика имаше и на мечевите помеѓу Франција и Ангола (30:20), односно Русија и Камерун (40:18).

25.СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ШПАНИЈА

ГРУПА А

Франција – Ангола 30:20 (13:9)

Црна Гора – Словенија 20.30 ч.

ГРУПА Б

Русија – Камерун 40:18 (17:10)

Србија – Полска 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Романија – Иран 39:11 (20:3)

Норвешка – Казахстан 20.30 ч.

ГРУПА Д

Холандија – Порторико 55:15 (23:6)

Шведска – Узбекистан 20.30 ч.

Текстот Каков е ова Мундијал? Романија-Иран 39:11, Холандија-Порторико 55:15! е превземен од МАКФАКС.