Калверт-Луин стана манекен облечен како учениче

Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин откри дека ќе биде на насловната страница на магазинот „Хом +“ со фотосесија во која носи необични црни шорцеви. За изгледот на англискиот напаѓач се потруди Прада со помош на стилистот Хери Ламберт.

24-годишниот Калверт-Луин се реши на ваков потег откако имаше доволно слободно време бидејќи последен меч му беше на 28 август против Брајтон, по што доби скршен палец на ногата и проблеми со мускулите. Откако лани беше најдобар стрелец на „карамелите“ со 21 голови, сега неговиот камбек се очекува за неколку месеци.

Текстот Калверт-Луин стана манекен облечен како учениче е превземен од МАКФАКС.