Канје не успеа да ја придобие, Ким поднесе документ за промена на брачниот статус

Таа веќе не сака да биде г-ѓа Вест.

Ким Кардашијан Вест сака да продолжи со својот живот како слободна жена и поднела документи за да го стори тоа додека трае разводот од Канје (Је), дознава „ТМЗ“.

Ким во петокот поднела правни документи, кои ако ги потпише судијата, ќе ја направат официјално сингл. Таа во суштина бара од судијата прашањата поврзани со старателството над децата и со имотот да бидат одвоени од брачниот статус.

Ким исто така бара да ѝ се врати моминското презиме, односно да се отфрли неговото, Вест.

Интересно е што адвокатот на Ким е  Лаура Васер, која често правела слични потези со други славни клиенти, вклучувајќи ги и др. Дре и Кели Кларксон – одвојување на брачниот статус од други прашања. Тоа им овозможува на луѓето да продолжат со своите животи, а во меѓувреме да се решаваат другите работи  околу имотот или старателство над деца.

Она што е особено интересно… само неколку часа пред Ким да поднесе барање за промена на својот брачен статус, Је излезе на сцената во „Мемориал колосеум“ во Лос Анџелес и додека ја пееше Runaway на крајот од песната рече: „Трчај назад кај мене, Кимберли“.

Ким присуствуваше на настапот заедно со децата Норт и Сент, како знак на поддршка од семејството.

Едно е сигурно, развод или не… Ким и Канје, во најголем дел, останаа единствен фронт кога станува збор за нивните деца и емоционалната поддршка.

Не е првпат да се види Је како јавно изразува чувства за отуѓената сопруга. На Денот на благодарноста, тој објави 5-минутно видео во кое се исповеда за неговите проблеми со алкохолот и моментите кога ја посрамотил Ким.

Канје тврдеше дека Ким сè уште е негова сопруга во неодамнешните интервјуа, но овој документ ќе го промени тоа … и ќе ги направи правно одвоени ентитети.

Таа започна врска со комичарот Пит Дејвидсон од Saturday Night Livе.

Текстот Канје не успеа да ја придобие, Ким поднесе документ за промена на брачниот статус е превземен од МАКФАКС.