Канје Вест со бизарна објава на Инстаграм по инцидентот во Лос Анџелес

Kанје „Је“ Вест сподели бизарна објава на својот инстаграм-профил по синоќешниот инцидент пред ноќен клуб во Лос Анџелес, каде наводно, удрил фан кој му барал автограм.

„Мојот живот никогаш не беш лесен“, напиша 44-годишниот рапер над фотографија, која изгледа како уметничка интерпретација на животно со одрано лице и тело на црвена позадина.

Вест во објавата го означи колегата музичар Д’ Гејм (42), кој фотографијата ја постави како негова главна слика во четвртокот навечер.

Полицијата го истражува инцидентот што се случи во Лос Анџелес во четвртокот околу 3 часот наутро. Раперот беше обвинет дека удрал фан и го турнал на земја кога барал автограм.

Инцидентот се случил во близина на Сохо Вест, тренди клуб во центарот на Лос Анџелес. Фанот ѝ рекол на полицијата дека сè снимил на својот телефон.

Очевидци изјавија за „ТМЗ“ дека Вест го удрил во главата и во вратот и дека човекот потоа паднал на земја.

Некои американски медиуми веќе објавија дека Вест е именуван како осомничен во истрага за наводен физички напад.

Текстот Канје Вест со бизарна објава на Инстаграм по инцидентот во Лос Анџелес е превземен од МАКФАКС.