Карабатиќ останува верен на ПСЖ

Трикратниот олимписки шампион, Никола Карабатиќ останува дел од Пари Сен-Жермен барем до 2023 година откако францускиот клуб потврди дека ветеранот го продолжил договорот во обид да стигне до нова титула од Лигата на шампионите, прва со ПСЖ по трофеите со Монпелје, Кил и Барселона.

„Пресреќен сум што ќе ја продолжам авантурата во црвено-синиот дрес на уште една сезона. И јас и клубот имавме желба да продолжиме заедно. Ќе се обидам да му помогнам на клубот да расте и да освоиме што е можно повеќе титули“, изјави Карабатиќ, трикратен освојувач на наградата на ракометар на годината.

…⌛️ pic.twitter.com/pUC5MGQJqe

— PSG Handball (@psghand) November 1, 2021

Текстот Карабатиќ останува верен на ПСЖ е превземен од МАКФАКС.