Кари е првата НБА ѕвезда со два договори од над 200 милиони долари!

Двократниот МВП на НБА лигата и трикратен шампион Стеф Кари се договори за продолжување на договорот со Голден Стејт вориорс на четири години, вреден 215 милиони долари, со што стана првиот кошаркар во историјата со два договори од над 200 милиони долари.

Кари ќе го продолжи дговорот со неговата плата од 45.8 милиони долари за 2021/22, што значи дека има гарантирано 261 милиони долари во следните пет сезони. Со договорот 33-годишниот Американец останува во Вориорс во врвот на својата кариера во обид да стигнат до четвртата НБА титула со клучниот тим во кој се и Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.

Кари повторно имаше фантастична НБА сезона, во која вторпат стигна до титулата најдобар стрелец (32 поени по натпревар) и сега ја започнува својата 13. сезона со клубот од Окуленд.

Текстот Кари е првата НБА ѕвезда со два договори од над 200 милиони долари! е превземен од МАКФАКС.