Карл Насиб е првиот НФЛ играч кој призна дека е геј

Дефанзивниот енд на Лас Вегас рајдерс, Карл Насиб стана првиот активен НФЛ играч кој признал дека е хомосексуалец, откривајќи го ова преку социјалните мрежи.

„Се наоѓам во мојата куќа во Вест Честер, Пенсилванија, и сакав да го искористам овој момент да откријам дека сум геј. Планирав да го направам ова подолго време, но дури сега се почувствував удобно да го направам тоа. Го имам најдобриот живот, најдоброто семејство и пријатели и работа која ја сакам. Знаете дека си ја ценам приватноста и не го правам ова за да добијам внимание“, вели Насиб.

Насиб потпиша за Рајдерс во 2020 и има тригодишен договор вреден 25 милиони долари, а минатата сезона имаше 2.5 собрани топки во 14 натпревари за Лас Вегас. Тој беше избран на драфтот во 2016 од Кливленд браунс, а потоа играше и за Темпа Беј буканирс.

Мајкл Сем беше првиот геј играч кој беше драфтуван во НФЛ во 2014 година, кога Сент Луис рамс го избраа, но тој не заигра ниту еден меч во НФЛ.

Текстот Карл Насиб е првиот НФЛ играч кој призна дека е геј е превземен од МАКФАКС.