Карло Јанка замина во пензија

Карло Јанка (35), на домашен терен, на легендарната патека во Венген, ја заврши кариерата. Јанка, не ја заврши трката во спуст, но со овации од публиката се спушти до целта.

Ледениот човек, со 22 години, стана светски првак во велеслалом на Мундијалот во 2009 година. Во 2009 и 2010 година победи на шест трки во Светскиот куп. На Олимписките игри во Ванкувер го освои златниот медал во велеслалом. Истата година победи во вкупниот пласман во Светскиот куп.

Во кариерата стартувал во 287 трки, забележал вкупно 11 победи.

Кариерата му ја уништија повредите со кои се бореше од 2016 година.

Текстот Карло Јанка замина во пензија е превземен од МАКФАКС.