Кеј Си Риверс во Баерн Минхен

Американскиот кошаркар Кеј Си Риверс договорил соработка со Баерн Минхен. Баварците експресно реагираа по повредата на Дарун Хилијард. Риверс, ќе потпише договор на четири месеци со Баерн.

Риверс, минатата сезона, го носеше дресот на Зенит. Во Евролигата имаше просек од шест поени по натпревар.

За 34-годишниот кошаркар ова ќе биде втор мандат во Баерн, претходно играше за Баварците во сезоната 2015/2016.

Риверс со Реал, во сезоната 2014/2015 ја освои Евролигата со Реал Мадрид. Во кариерата играл за Локомотив Кубан, Химки, Панатинаикос, Црвена звезда и Жалгирис.

Текстот Кеј Си Риверс во Баерн Минхен е превземен од МАКФАКС.