„Кејн не сака да игра за Тотенхем, клубот треба да го продаде“

Поранешниот напаѓач на Астон Вила и англиската репрезентација, Габриел Агбонлахор, смета дека Хари Кејн е виновникот за лошите резултати на Тотенхем. Спарс сезоната ја започнаа со три победи, но потоа победија само два пати, а забележаа пет порази. Последниот, во саботата од Манчестер јунајтед (0:3).

Кејн, во летниот преоден рок, беше блиску до трансфер во Манчестер сити, меѓутоа газдата на Тотенхем, Даниел Леви не сакаше да го продаде својот најдобра стрелец.

Кејн од почетокот на сезоната има постигнато само еден гол, минатат сезона беше најдобар стрелец во Премиер лигата.

„Да сум во кожата на Пеп Гвардиола или газдата на Манчестер сити, во јануари би преговарал за трансферот на Кејн од 100 милиони фунти. Да сум газда на Тотенхем би му се јавил на Гвардиола и би му рекол: „Сега можеме да преговараме, не ни требаат 150 милиони фунти, дај да се договориме са сума од 80 до 100 милиони“. Само нека си замине од клубот“, рекол Агбонлахор и продолжил.

„Кејн повеќе ме се интересира за Тотенхем, не сака да биде таму и да работи за тимот. Кога навивачите ќе го исвиркаат најдобриот играч во тимот, тогаш знаете дека нешто не е во ред. Нуно Еспирито Санто би требало да го стави на клупата за резерви“.

Текстот „Кејн не сака да игра за Тотенхем, клубот треба да го продаде“ е превземен од МАКФАКС.