Kерол Баскин го тужи „Нетфликс“

Американската активистка за правата на животните Керол Баскин покрена тужба против „Нетфликс“ поради користење нејзини снимки во трејлерот за филмот „Тајгер кинг 2“, пренесува британски „Гардијан“.

Таа и сопругот Хауард Баскин, кој се појавува со неа во трејлерот, започнаа правна постапка во Флорида. Двојката тврди дека ги потпишала формуларите за објавување на првата сезона, но не и за продолжението.

Странските медиуми пренесуваат дека во тужбата е наведено дека појавувањето на Баскин во промотивните објави за Tiger King 2 ги прекршува правилата за појавување. Керол во тужбата се осврна и на првата сезона, и тврди дека таа и нејзиниот сопруг биле неправедно обвинети за злоупотреба на животни.

Керол и Хауард бараат од „Ројал гуди продкшнс“ и „Нетфликс“ да ги отстранат сите нивни снимки од „Тајгер кинг 2“, кој треба да почне да се емитува на 17 ноември.

За потсетување, Керол Баскин стана позната во првата сезона на серијата на „Нетфликс“, во која беше прикажано нејзиното ривалство со Џо Егзотик.

Текстот Kерол Баскин го тужи „Нетфликс“ е превземен од МАКФАКС.