Кеш ќе го смени спортското државјанство

Десниот бек на Астон Вила, Мати Кеш (24), во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Полска. Кеш, може да добие полски пасош бидејќи неговата мајка е од оваа земја.

Таткото на фудбалерот, кој ја води постапката, потврдил дека уште пред неколку месеци, поднел барање за добивање државјанство на Полска.

Стјуарт Кеш, рекол, дека наскоро постапката ќе биде завршена.

Кеш решил да игра за земјата од која потекнува неговата мајка бидејќи во Англија на неговата позицција има сериозна конкуренција во Кајл Вокер (Манчестер сити), Киран Трипие (Атлетико Мадрид) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).

Кеш од минатата сезона е играч на Астон Вила, претходно настапувал за Нотингем форест.

Текстот Кеш ќе го смени спортското државјанство е превземен од МАКФАКС.