Кина дава големи парични награди за лицата што ќе пријават кој ги прекршил корона-мерките

На жителите на еден кинескиот град на границата со Русија им беа понудени големи парични награди за да помогнат во борбата против делта-сојот на коронавирус, а локалните власти му објавија т.н „народна војна“ на вирусот.

За жителите на Хеихеи, во североисточната провинција Хејлонгџијанг, властите предвиделе награди од 15.640 долари.

Според кинеските државни медиуми, властите ги повикале луѓето во пограничниот град да го пријават секој случај на нелегален лов, шверц на животни или луѓе кои ја минуваат границата заради риболов, и понудиле вредна награда за таквата информација.

Населението е предупредено и на строги казни за оние кои намерно кријат релевантни информации.

Властите се посветени на стратегијата „Ковид нула“ и спроведуваат низа ригорозни мерки за коронавирусот или т.н „народна војна“ и обид повторно да го елиминираат од заедницата.

Според „Глобал тајмс“, здравствените власти си поставиле цел пред крајот на годината да ги вакцинираат сите деца на возраст од 3 до 11 години кои ги исполнуваат условите.

Текстот Кина дава големи парични награди за лицата што ќе пријават кој ги прекршил корона-мерките е превземен од МАКФАКС.