„Киненова“ од 27 до 31 октомври

Од 27 до 31 октомври ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот филсмки фестивал „Киненова“.

Свеченото отворање ќе се одвива во кино Милениум, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ / AS FAR AS I CAN WALK на Стефан Арсенијевиќ, а останатите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.

Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата“, како и краткометражни македонски и странски филмови.

Текстот „Киненова“ од 27 до 31 октомври е превземен од МАКФАКС.