Кинески државјани тешко повредени на градилиште во Црна Гора

Двајца кинески државјани се тешко повредени на градилиште во Црна Гора. Тие работеле на градилиште кај автопат, информираат од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа на Црна Гора.

Од ОКЦ не можеа да кажат како дошло до несреќата.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Текстот Кинески државјани тешко повредени на градилиште во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.