Кирјос и Кокинакис минаа уште една пречка на АО

Ник Кирјос и Танасис Кокинакис продолжија со блескавите изданија на Австралија опен. Австралијците изборија пласман во полу-финалето со победата над Тим Пуц од Германија и Мајкл Венус ос Нов Зеланд.

Австралиската двојка повторно приреди шоу на теренот и на голема радост на фановите забележа победа.

Кирјос и Кокинакис славеа со 7/5, 3/6, 6/3.

Поведата на дуото КК, ја обележа моментот во четвртиот гем. Кирјос буквално заби една топка во теренот, топчето силно отскокна и погоди едно момче во главата. Момчето почна да плаче, Кирјос се извини, а потоа му го подари рекетот.

Кирјос и Кокинакис за пласман во финалето ќе се борат против третите носители, Шпанците Гранољес и Себаљос.

Oh my 😳

Nick Kyrgios accidentally hit a kid in the stands with a ball that wasn’t in play (umpire had called let) but turned the panic into happiness by giving him his racquet. pic.twitter.com/9v31pe4eBX

— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) January 25, 2022

 

Текстот Кирјос и Кокинакис минаа уште една пречка на АО е превземен од МАКФАКС.