Кличко: Не се плашам за себе, јас сум борец. Се плашам за милиони луѓе во Киев

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, даде кратко интервју за Би-би-си по почетокот на рускиот напад врз Украина.

Тој рече дека луѓето во Киев биле шокирани кога слушнале експлозии во градот. Повикa на обединет одговор од Западот и помош за Украина.

„Нашата цел, нашиот сон е да изградиме модерна и демократска земја и да бидеме дел од европското семејство“, изјави Кличко за Би-би-си.

Тој додаде дека руската армија е една од најголемите во светот и дека борбата ќе биде тешка.

„Украинците не ја сакаат руската агресија, тие ќе се борат за нашата иднина и за нашите деца“, рече Кличко.

„Не се плашам за себе, јас сум борец“, нагласи тој додавајќи дека е загрижен за трите милиони граѓани на Киев кои се негова одговорност.

Запрашан што ќе му порача на рускиот народ, тој рече:

„Секоја војна носи крв, смрт и инвалидитет. Прашајте се дали ви е потребно тоа заедно со санкциите“.

Текстот Кличко: Не се плашам за себе, јас сум борец. Се плашам за милиони луѓе во Киев е превземен од МАКФАКС.