Кочанчанец нудел пари за глас за кандидат за градоначалник

Вчера во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.

Во врска со пријавата, во 17.50 часот во Полициската станица бил извршен службен разговор со М.М..

Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Текстот Кочанчанец нудел пари за глас за кандидат за градоначалник е превземен од МАКФАКС.