„Колапс“ на Наполи кај Сасуоло, Жуниор Месијас со два гола за Милан

Наполи, со Елиф Елмас како замена, пропуштија 0:2 водство на тешкото гостување кај Сасуоло, за да се задоволат со 2:2 и да дозволат Милан да се доближи на само еден поен откако „росонерите“ му ја расипаа вечерта на својот поранешен напаѓач, Андриј Шевченко, победувајќи ја неговата Џенова со 3:0 на „Луиџи Ферарис“, каде што Горан Пандев исто така доби шанса како замена.

Во Џенова, Златан Ибрахимовиќ ги „начна“ домаќините уште во 10. минута со прекрасен гол од слободен удар, по што на сцена стапи Бразилецот Жуниор Месијас, кој првпат беше стартер за „росонерите“ во Серија А и врати со два гола во 45. и 61. минута од мечот. Месијас, да потсетиме, донесе драматична победа на Милан на гостувањето кај Атлетико Мадрид за заддржување на шансите за пласман во осминафиналето.

Во Реџо Емилија пак, Сасуоло беше далеку посериозен ривал за Наполи. Гостите го отворија резултатот преку Фабијан Руиз во 51. минута, пред Дрис Мертенс да ја продолжи голгетерската серија само 11 минути подоцна. Џанлука Скамака намали на 1:2 во 72. минута, пред Џанмарко Ферари во 89. минута да израмни на 2:2, по што следуваше вистинска драма во финишот кога Сасуоло постигна уште еден гол

Ремито значи дека Наполи остануваат први со 36 поени, но сега Милан имаат 35 на второто место, а Интер се трети со 34 поени.

СЕРИЈА А, 15.КОЛО

Џенова – Милан 0:3

Сасуоло – Наполи 2:2



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот „Колапс“ на Наполи кај Сасуоло, Жуниор Месијас со два гола за Милан е превземен од МАКФАКС.