Колку пари се потребни за петгодишен договор со Халанд?

Ерлинг Халанд, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Дортмунд. Клубот ќе се обиде да го задржи, меѓутоа тоа ќе биде невозможна мисија, од причина што неговата клаузула од 1.јули 2022 година ќе изнесува 75 милиони евра.

Сумата од 75 милиони евра не претставува проблем за богатите клубови, проблем се некои други детали кои договорот би го направиле астрономски.

Вокер Струт, менаџерот на Тони Крос, за „Билд“, открил колку пари идниот клуб ќе треба да издвои за норвешкиот репрезентативец.

„Халанд има клаузула во договорот, но тоа не е само за почеток. Целиот пакет, со бонусите за неговиот менаџер и за неговата петгодишна плата, би изнесувал помеѓу 250 и 300 милиони евра“, рекол Струт.

Појаснил дека покрај 75 милиони евра за обесштетување, во трошоците влегуваат 50 милиони евра, пари кои како бонус ги бараат менаџерот Мино Рајола и таткото на Халанд и годишната плата кој би била помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Текстот Колку пари се потребни за петгодишен договор со Халанд? е превземен од МАКФАКС.