Кошмар на „Камп ноу“ – Агуеро ќе паузира најмалку три месеци!

Престојот на Серхио Агуеро на „Камп ноу“ се претвора во вистински кошар откога каталонскиот клуб потврди дека аргентинскиот напаѓач ќе мора да оди на дијагностички терапевтски процес под водство на група лекари, кој ќе трае три месеци.

Ова доаѓа кога во саботата Агуеро се пожали на болки во градите при мечот со Алавес на „Камп ноу“ во бизарни сцени, кои ги загрижија фановите за неговото здравје.

„Кун Агуеро е однесен на дијагностички терапевтски процес кај докторот Жосеп Бругада. Тој нема да биде достапен за тимот во следните три месеци, во кои ќе се разгледува ефективноста на третманот“, објавија од Барселона.

LATEST NEWS | Barça player Kun Agüero has been subjected to a diagnostic and therapeutic process by Dr. Josep Brugada. He is unavailable for selection and, during the next three months, the effectiveness of treatment will be evaluated in order to determine his recovery process. pic.twitter.com/My9xWpm6I4

— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 1, 2021

Агуеро не можеше да дише, загрижувачки сцени на „Ноу Камп“

Агуеро како 15-годишник имал операција на срцето

Текстот Кошмар на „Камп ноу“ – Агуеро ќе паузира најмалку три месеци! е превземен од МАКФАКС.