Ковачевски: Силна осуда за чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи го осуди чинот на отворената воена агресија на Руската Федерација на Украина.

„Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир“, има напишано на социјалните мрежи Ковачевски.

„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, стои во напишаната објава на македонскиот премиер.

Текстот Ковачевски: Силна осуда за чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина е превземен од МАКФАКС.