Крис Пол е третиот најдобар асистент во НБА на сите времиња!

Кошаркарот на Феникс Санс, Крис Пол, стана третиот најдобар асистент во историјата на НБА-лигата.

Општо познато е дека Пол е еден од најдобрите плејмејкери, а ноќеска уфрли 14 поени, имаше 7 скока и подели дури 18 асистенции во победата на Санси против „пеликаните“.

Сега Пол има 10.346 асистенции, веднаш зад живите легенди Џон Стоктон (15.806) и Џејсон Кид (12.091).
„Голема привилегија е да се гледа кошаркарска величина како Крис Пол“, рече тренерот на Феникс, Монти Вилијамс.

И рекордерот имаше свој коментар:

„Многу ми значи ова. Му благодарам на Бог за сѐ, а особено на можноста да бидам дел од оваа лига, да играм и да пишувам историја. Сепак, тоа не го земам здраво за готово“, рече популарниот CP3.

Тој е 45-от најдобар стрелец во НБА, но и прв играч во лигата со 20.000 поени и 10.000 асистенции.

Текстот Крис Пол е третиот најдобар асистент во НБА на сите времиња! е превземен од МАКФАКС.