Кроација осигурување со највисок раст на пазарот од 44%

Кроација осигурување заклучно со третиот квартал од годинава забележа раст на бруто полисирана премија од 44% и истиот е највисок на осигурителниот пазар, покажуваат најновите податоци на Националното биро за осигурување (НБО). Во апсолутен износ растот е 148 милиони денари (2,4 милиони евра).

Притоа, Друштвото има раст во сите класи на осигурување, а најмногу во класата доброволно здравствено осигурување, каде заклучно со третиот квартал од годинава има 16% пазарно учество. Кроација осигурување е единствена и прва компанија која на пазарот воведе покритие за трошоци за лекување поради Covid 19 со што на клиентите им обезбеди заштита на она што во моментов претставува најголема потреба.

Дознајте повеќе за покритието од Covid-19 на линкот.

 

(ПР текст)

Текстот Кроација осигурување со највисок раст на пазарот од 44% е превземен од МАКФАКС.