Култард му порача на Цунода да си оди од Ф1

Дејвид Култард, поранешен Формула 1 ас, не е импресиониран од она што во досегашниот тек од сезоната, го покажал дебитантот во Алфа Таури, Јуки Цунода.

Алфа Таури, преку првиот човек на тимот, Франц Тост, пред две недели објавија дека младиот Јапонец ќе добие шанса и наредната сезона да вози за овиј тим. Дури и самиот Цунода бил изненаден од оваа одлука.

„Искрено, изненаден сум што ќе возам и наредната сезона. Имав толку судири, многу пари се потрошени за мене. Кратко и јасно, немам добра сезона“.

Култард не бил импресиониран од искреноста на 21-годишниот Цунода.

„Од која планета тој доаѓа. треба да си го спакува малото куферче и да ја напушти Формула 1. Така не треба да зборува возач во Формула 1. „Шокиран сум што ме задржаа, имав многу судири“. Тоа е смешно. Со првиот авион нека се врати во Јапонија“.

Текстот Култард му порача на Цунода да си оди од Ф1 е превземен од МАКФАКС.