Кунц е новиот селектор на Турција

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Германија Штефан Кунц е именуван за нов селектор на Турција, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Кунц на функцијата ќе го наследи Шенол Гунеш, кој доби отказ по дебаклот против Холандија (6:1), во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Штефан Кунц ја предводеше младата германска репрезентација од 2016 година. Со оваа селекција три пати играше во финалните натпревари на Европските првенства, успеа да освои две титули, во 2017 и  во 2021 година.

Турција, во квалификациите за Мундијалот, во Г-групата, се наоѓа на третото место со 11 поени, два помалку од Холандија и Норвешка.

Текстот Кунц е новиот селектор на Турција е превземен од МАКФАКС.