Кузмановски во тимот на колото во Бундеслигата

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски вторпат во три кола се најде во тимот на колото во Бундеслигата.

Тој имаше одличен настап во дресот на Магдебург на гостувањето кај Мелсунген (22:29). На тој меч Кузмановски постигна шест погодоци, а имаше и уште толку асистенции кон своите соиграчи.

Претходно Кузмановски беше дел од најдобриот тим и пред две кола, поради одличната партија против Фуксе Берлин.

Текстот Кузмановски во тимот на колото во Бундеслигата е превземен од МАКФАКС.